Наслов на проектот: Климатски пријателски здравствени институции

Приоритетна оска - животна средина

Дејности по проектот

  • Зајакнување на капацитетите за чувствителноста на здравствените болести на климатските промени. Две заеднички работилници (по една во секоја држава) за специјалистите, студентите на медицина и дипломираните студенти со цел да се подобри знаењето, практичните вештини и експертизата за чувствителноста на здравствените болести на климатските промени
  • Подготовка на локални стратегии за прилагодување на здравствената заштита на климатските промени. Две стратегии за општините Штип и Гоце Делчев ќе бидат изготвени кои ќе опфатат и мерки за идентификација и ублажување на здравствените ризици предизвикани од климатските промени.
  • Работилници со здравствените работници и локалните власти - прилагодување на здравствената заштита на локално ниво. Организирање на две работилници за 20 учесници (вкупно 40). Темите ќе опфатат „Чекори во прилагодувањето на здравствената заштита на локално ниво“ и „Влијанието на климатските промени врз целите, политиките, стратегиите и плановите на здравствената заштита“.
  • Организирање на 2 работилници ос здравствените работници и локалните самоуправи. Целта ќе биде да се зголеми знаењето на учесниците за спроведување на стратегиите предвидени со активност бр.2. Овие работилници се надградба на работилниците предвидени со активност бр.3. Темите вклучуваат: координација на процесот на спроведување на стратегијата, особено со секторите кои имаат влијание врз здравствената заштита на локално ниво; контрола и ревизија на процесот на спроведување на стратегијата за следење на напредокот, ефективноста и детекција на слабости.
  • Ублажување на влијанието на климатските промени во Штип, реконструкција на Одделението за инфективни болести во склоп на ЈЗУ Клиничка Болница Штип.
  • Ублажување на влијанието на климатските промени во Гоце Делчев. Модернизација на водоводна , канализациона и електрична инсталација и поставување на фотоволтаични панели до 30kW.
  • Кампања за подигнување на свесноста за влијанието на климатските промени со цел информимрање, пеивлекување и вклучување на целните групи во спроведувањето и промоцијата на резултатите на проектот.
  • Обучување на специјалистите од јавното здравство за здравствена заштита од климатските промени.
  • Вмрежување и изработка на веб платформа.
  • Промотивни прес конференции. Одржување на вкупно 4 прес конференции, по 2 во секоја општина.

Специфична цел

Превенција и ублажување на последиците од природните катастрофи и несреќи предизвикани од човекот со влијание во прекуграничниот регион

Bенефити

Од имплементацијата на проектот се очекува да се добијат следните резултати: – зајакнати капацитети, квалификации и знаење во здравствената заштита од климатски промени со употреба на иновативни пристапи, современа опрема и практики; – изработени 2 стратегии за адаптација со идентификувани мерки за уплажување и прилагодување; – применети мерки за ублажување на климатските промени на Одделението за инфективни болести при ЈЗУ Клиничка Болница Штип и Болницата во Општина Гоце Делчев; – спроведени кампањи за подигнување на јавната свест; – вмрежување и развој на веб платформа;

Целни групи

Проектните активности ќе имаат позитивно влијание врз следните целни групи:

  • Здравствени установи, специјалисти и здравствени работници, матични лекари и здравствени работници вработени во здравствените установи во прекиуграничната област во двете држави кои ќе учествуваат на предвидените настани и ќе имаат долгорочни ефекти од имплементацијата на проектот
  • Универзитети (факултети за медицински науки) кои обезбедуваат терцијарно образование за медицински научки во целната прекугранична област во двете држави
  • Локални и регионални власти;
0
Времетраење (во месеци)
0
Вкупен буџет (во евра)

Водечки партнер

Општина Гоце Делчев, Република Бугарија

Проектни партнери

ЈЗУ Клиничка Болница Штип, Република Македонија

“The project is co-funded by EU through the Interreg-IPA CBC Bulgaria–the former Yugoslav Republic
of Macedonia Programme.”