Се одржа првата работилница за подготовка на Локалната Стратегија за адаптација на здравствениот сектор кон климатските промени за Општина Штип

Во рамките на проектот „Климатски пријателски здравствени институции“ Клиничката Болница од Штип како партнер во проектот на 16.03.2021 година ја организираше првата работилница за подготовка на Локалната Стратегија за адаптација на здравствениот сектор кон климатските промени за Општина Штип.

На работилницата присуствуваа претставници на општина Штип, медицински и немедицински кадар од Клиничката болница во Штип.

Работилницата беше отворена со поздравен говор на Координаторот на проектот д-р. Денис Жерновски, а главниот експерт за подготовка на локалната стратегија за адаптација на здравствениот сектор кон климатските промени за Општина Штип Проф. др. Михаил Кочубовски даде воведни објаснувања за потребата за подготовка на една ваква стратегија на локално ниво, како и за самиот процес на подготовка на стратегијата. Исто така, се елаборирани се целите и намената на оваа стратегија.

Стратегијата за цел за преглед на состојбата со климатските промени на локално ниво и на прекуграничен регион, дефинирање на предизвиците кои климатските промени ги предизвикуваат на човековото здравје, стратешкиот пристап во нивното ублажување или адаптација и дефинирање на политиките за адаптација кон овие климатски промени од аспект на јавно здравје.
Самата стратегија ќе претставува основен документ и на локалната самоуправа и на здравствениот сектор да ги вклучат климатските промени во постојните и новите здравствени програми и да го подобрат намалувањето на ризикот од последиците од климатските промени како што се временски непогоди, природни катастрофи, појава на нови болести и намалување на ризикот од непредвидени ситуации.

Во текот на работилницата голем дел од учесниците активно се вклучија во дискусијата, а директорот на Клиничката Болница од Штип др. Ален Георгиев ја истакна важноста на самата стратегија, но и на проектот во целина.

Заклучок на работилницата беше дека на општина Штип и на здравствените институции им е неопходен еден ваков документ кој ќе послужи како основа за дефинирање на политиките во јавното здравје од аспект на влијанието на климатските промени.