Одржана првата Прес конференција за проектот „Климатски здравствени пријателски институции“ во Штип

На 16 декември, 2019 година во Хотел Изгрев Штип, со почеток во 12:00 часот се одржа прес конференција за проектот „Климатски здравствени пријателски институции“ – партнерство помеѓу ЈЗУ Клиничка Болница Штип и Oпштина Гоце Делчев.

На прес конференцијата присуствуваа претставници од двата проектни партнери, медиуми од Македонија, претставници од Источниот плански регион како и претставници од општина Гоце Делчев и Штип. Од страна на проектните тимови беа презентирани активностите и целите на проектот каде што беше истакнато дека Инфективното одделение во Штипската клиничка болница ќе добие нова фасада, прозори и електрика. Со ова отпочнува првата фаза за реконструкција на инфективното одделение, од завршениот прекуграничен проект “Климатски пријателски здравствени установи“, меѓу општина Штип и општина Гоце Делчев од Бугарија.

Проектот е од исклучително значење и е со вредност од 238 000 илјади евра, средства со кои ќе се реконструира инфективното одделение во Клиничка болница. Се работи за средства од ЕУ, од програмата за прекугранична соработка. Нашите капацитети се на располагање, наш главен предизвик за нашата општина останува да работиме на црпење на Европските фондови се со цел да ги искористиме расположливите капацитети од програмите на Европската Унија. – изјави градоначалникот на Штип, Благој Бочварски